HomeАктуелноЗајакната контрола во Чаир, продажни објекти работат во недела, еве колку мерки се изречени

Зајакната контрола во Чаир, продажни објекти работат во недела, еве колку мерки се изречени

Денеска (14.08.2022),во периодот 10.00 до 17.00 часот припадници на Единицата за интервентна полиција во координација со инспектори од Државниот инспекторат за труд на подрачјето на општина Чаир извршиле
контроли во објекти на ул.„Цветан Димов“ и „Џон Кенеди“ со цел да се утврди дали работодавачите ги почитуваат законските одредби кои се однесуваат на забраната за работа во недела во оние дејности кои не спаѓаат во исклучоците утврдени со Законот за работни односи.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Од вкупно извршените контроли изречени се 12 мерки, односно издадени се осум решенија за забрана за вршење дејност во рок од 15 дена, три решенија за наредба за засновање работен однос за лица затекнати во објектите без регулиран работен однос и едно решение за опомена за регистрирање на нерегистрирана дејност.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.