HomeАктуелноФинансиска поддршка за заштита на пештерите и загрозените видови во НП Галичица од климатските промени

Финансиска поддршка за заштита на пештерите и загрозените видови во НП Галичица од климатските промени

По успешно завршување на проектот „Развој на едукативни ресурси за заштита на пештерите и лилјаците во Националниот парк Галичица, поддржан од PONT/CEPF“, Црвен крст Охрид потпиша договор со Prespa Ohrid Nature Trust – PONT за нова, 3-годишна финансиска поддршка за реализација на нов проект, поточно, проектот со наслов „Заштита на пештерските екосистеми и загрозените растителни и животински видови во Националниот парк Галичица од негативните ефекти на климатските промени“.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Главна цел на проектот ќе биде зајакнување на капацитетите на Националниот парк Галичица и подигнување на свеста на на локалното население за адаптација кон климатските промени и заштита на загрозените растителни и животински видови и пештерски екосистеми, информираат од Црвен крст Охрид.

Предвидени се бројни активности меѓу кои научни истражувања на пештерите Самотска Дупка и Лескоечка пештера и инвентаризација на сите пештери во Националниот парк Галичица, научни истражувања за загрозениот биодиверзитет во Националниот парк Галичица, подготовка на флаери, видео материјали и научни публикации (опремување на лабораторија во Националниот парк Галичица), подготовка на мерки за заштита на загрозениот биодиверзитет во Националниот парк Галичица, подготовка и опремување на 3 едукативни катчиња за едукација за заштита на животната средина, во Националниот парк Галичица (Централна зграда и канцеларија Стење) и Црвен крст Охрид (Велестово), формирање на едукактивна мрежа преку реализација на консултативен процес, работилници, состаноци и тренинг за едукатори (претставници од мрежата) за реализација на едукативните модули подготвени во рамките на проектот и уште многу други активности.

Проектот ќе се реализира во периодот од 2022 до 2024 година и на истиот носител (координатор) на активностите ќе биде Црвен крст Охрид, партнер ќе биде Истражувачкото друштво „Урсус спелеос“, а корисник на проектните резултати, покрај проектниот тим, ќе биде и Националниот парк Галичица, како и млади лица кои гравитираат кон заштитеното подрачје.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.