HomeАктуелноОВР Кичево: „Носи кацига, вози безбедно, вози одговорно!“ денес помеѓу граѓаните

ОВР Кичево: „Носи кацига, вози безбедно, вози одговорно!“ денес помеѓу граѓаните

Превентивни активности на подрачјето на ОВР Кичево наменети за возачите на мотоцикли и електрични тротинети

Денеска (17.08.2022) во рамките на превентивниот проект „Безбедно лето 2022“, ОВР Кичево, во соработка со РСБСП на подрачјето на Кичево ја спроведоа превентивната кампања „Носи кацига, вози безбедно, вози одговорно!“, чија целна група беа возачите на мотоцикли и електрични тротинети, како ранлива категорија учесници во сообраќајот.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Целта на кампањата е актуелизирање на потребата од носење заштитна кацига и друга опрема заради зголемена безбедност во сообраќајот, подигање на нивото на сообраќајна култура на оваа категорија што треба да придонесе за намален број на сообраќајни незгоди и последици по мотоциклистите.

Во таа насока, полициските службеници од ОВР Кичево, на неколку сообраќајни пунктови низ градот и околината на мотоциклистите им делеа летоци со едукативни практични совети за правилно учество во сообраќајот и ги потсетија на строго придржување до сообраќајните правила и прописи.

Оваа превентивна кампања ќе се спроведува и на целото подрачје на СВР Охрид,информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.