Променливо облачно, посвежо и нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално во попладневните часови ќе има услови за појава на невреме со пообилен дожд, силни електрични празнења, силен ветер и појава на град. UV = 5.Во Охрид времето денес променливо облачно со услови за дожд. Минималната температура до 15 степени, а максималната до 25.
Во следните денови подрачјето на нашата земја и понатаму ќе биде под влијание на влажен и нестабилен воздушен бран, што ќе услови променливо облачно и нестабилно време, со пороен дожд и грмежи.
Локално, претежно во попладневните часови, ќе има поинтензивни процеси во форма на невреме со пообилен дожд за кратко време, силни електрични празнења, силен ветер и појава на град. Температурите ќе останат значително пониски во однос на изминатиот период, велат од УХМР.
