HomeАктуелноПриведен бегалец од затвор, осуден на 10 години и седум месеци затворска казна

Приведен бегалец од затвор, осуден на 10 години и седум месеци затворска казна

На 31.08.2022 во 21.35 часот на ул.„Аминта Трети“ во Скопје, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје го лишиле од слобода А.Р.(27) од Скопје. Тој бил баран по централна потерница поради бегство од Казнено-поправната установа затвор Идризово- Скопје и за доиздржување затворска казна од четири години и 11 месеци, а бил осуден на казна затвор од 10 години и седум месеци за сторени кривични дела по член 236, член 242 и член 288 од Кривичниот законик.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Лицето било спроведено во установата за доиздржување на затворската казна, додаваат од МВР.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.