HomeАктуелноВо општина Маврово и Ростуше 35 првачиња, градоначалникот им додели училишен прибор

Во општина Маврово и Ростуше 35 првачиња, градоначалникот им додели училишен прибор

– Во четирите основни општински и нивните подрачни училишта во општина Маврово и Ростуше успешно стартуваше новата 2022/2023 учебна година, во која за првпат во ученичка клупа седнаа 35 првачиња.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Училиштата ги посети градоначалникот Медат Куртовски, кој им посака среќен и успешен почеток на новата учебна година на сите ученици во општината.

-Градоначалникот Медат Куртовски ги посети училиштата во општината каде што лично на наставниците, учениците и родителите им го честиташе почетокот на учебната година и им посака добро здравје, радост, среќа и да бидат примерни и одлични ученици. При тоа на сите првачиња им додели сет со училишен прибор, информираше за МИА, Емир Емруали, одговорен во Секторот за образование во општината.

Според него, бројот на првачињата е речиси идентичен колку и минатата учебна година.

Гледано одделено 15 првачиња се во ООУ „Блаже Конески“ во село Скудриње, 11 во „Хајан Селмани“ во Ростуше, пет во ООУ„Јосип Броз Тито“ во село Жровница и четири првачиња во ООУ „Денче Дејаноски“ во Маврови Анови.

Инаку, според Емрулаи покрај другите редовни мерки и активности преземени за нормален наставно – воспитен  процес, извршена е и дезинфекција на училишните простории во сите училишта.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.