HomeАктуелноМВР: Акциска контрола во Битола, приведени шест лица поради неовластено организирање игри на среќа

МВР: Акциска контрола во Битола, приведени шест лица поради неовластено организирање игри на среќа

– Полициски службеници од СВР Битола – ОКП Битола-Отсек за општ криминал во рамките на оперативниот план „Безбедно лето“, вчера по добиена оперативна информација дека на една локација во Битола лицата Е. К. (39) и С. Р. (26) од Битола незаконски организираат игри на среќа што се забранети, извршија претрес во објект на ул „Караорман” во Битола.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

При претресите, како што информираа од МВР, затекнати се М. А. (32), Е. Р. (50), Ш. М. (47), А. И. (36) и двајцата организатори, сите од Битола.

Сите шестмина се лишени од слобода, а по документирање на случајот ќе бидат поднесени кривични пријави за сторено кривично дело по чл.398 „комар“.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.