HomeАктуелноМицкоски: Со референдум да ја зачуваме државата пред обидите за уцени и асимилација, а да продолжиме по патот за Европската унија

Мицкоски: Со референдум да ја зачуваме државата пред обидите за уцени и асимилација, а да продолжиме по патот за Европската унија

Гласот на референдум ја направи Македонија независна.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Гласот на референдумот ќе ја направи Македонија достоинствена.

Пред 31 година одлучивме да бидеме независни, иако и тогаш многу не беа среќни со нашата одлука.

Пред 31 година дадовме завет дека ќе направиме се независна Македонија да биде држава со којашто ќе се гордееме.

Огромен предизвик беше референдумот за нашата независност. Многу прашања, дилеми и критики имаше и тогаш, но времето покажа дека овој чекор беше историски.

Сега, 31 година подоцна стоиме пред ист предизвик.

Со референдум да ја зачуваме државата пред обидите за уцени и асимилација, а да продолжиме по патот за Европската унија.

Гласот тогаш беше храброст.

Гласот сега ќе е храброст.

Нека ни е честит и вековит 8 Септември!

Да живее Македонија!

Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.