HomeАктуелноТелеграма со сочувство од Џафери по повод смртта на кралицата Елизабета Втора

Телеграма со сочувство од Џафери по повод смртта на кралицата Елизабета Втора

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија Талат Џафери испрати телеграма со сочувство до Линдсеј Хојли, спикер на Долниот дом на Парламентот на Обединетото Кралство, по повод смртта на кралицата Елизабета Втора.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

– Граѓаните на мојата земја во овие моменти заедно со народот во Обединетото Кралство како и ширум светот, заедно ја споделуваат тагата околу заминувањето на Кралицата Елизабета II и со почит ќе се сеќаваме на нејзините дела и огромен придонес за севкупниот развој и демократскиот просперитет на Вашата голема нација, пишува Џафери.

„Примете ги уште еднаш екселенцијо изразите на моето длабоко сочувство“, се вели во телеграмата.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.