HomeАктуелноЕрдоган: Европа повеќе не е толку опуштена во однос на енергијата, оваа зима ќе биде тешка

Ердоган: Европа повеќе не е толку опуштена во однос на енергијата, оваа зима ќе биде тешка

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган рече дека Европа повеќе не е толку опуштена во однос на енергијата, како што беше пред недостигот на природен гас, кога беше фокусирана на преминување кон обновлива енергија, објави турската државна телевизија ТРТ Хабер.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Ердоган разговараше со новинарите во авионот на враќање од турнејата низ земјите од Западен Балкан. Т

ој потсети на неговите претходни разговори со поранешната германска канцеларка Ангела Меркел и францускиот претседател Емануел Макрон, во кои тие ги кажаа своите намери да ги затворат термоцентралите, па дури и нуклеарните централи и да се префрлат на обновлива енергија.

Турскиот претседател посочи дека на оваа тема разговарал и со актуелниот канцелар на Германија, Олаф Шолц, „кој бил цврст во намерата да не отстапува од курсот на неговата претходничка“. Сепак, според Ердоган, ситуацијата е поинаква по суспензијата на рускиот гас.

„Европа не се чувствува толку комфорно и мирно како што се мисли дека е. Ситуацијата оди во многу поинаква насока“, рече тој.

Според него, „Русија не ги донесе овие одлуки и не ги презеде овие чекори туку така“. „Оваа зима нема да помине така лесно за Европа, ќе биде многу проблематична зима, а од финансиска гледна точка зимата ќе има многу тешки сметки“, рече Ердоган. Во исто време, тој увери дека Турција нема проблем со испораката на гас и Русија не воведува никакви санкции за неа.

Тој посочи и дека имал разговори со руската страна за цената и дека  ситуацијата за Турција, како што рече, може да стане уште подобра доколку руската страна покаже позитивен пристап кон Анкара. Исто така, Ердоган ја спомена и намерата на турската страна следната година да ги пушти во употреба сопствените наоѓалишта на гас откриени во Црното Море.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.