HomeАктуелноМакедонија повторно ќе бара екстрадиција на Никола Груевски

Македонија повторно ќе бара екстрадиција на Никола Груевски

Министерството за правда повторно ќе бара екстрадиција за екс-премиерот Никола Груевски како и Африм Исмаиловиќ и Алил Демири за кои Апелација минатата недела ги потврди доживотните пресуди за петкратното убиство на Смилковски.

 

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

За Никола Груевски досега е испратено едно барање за екстрадиција од ноември 2018 година и едно дополнување на барањето за екстрадиција од јуни 2019 година. Екстрадицијата е побарана за сите случаи за кои имавме сознанија дека се водат постапки пред македонските правосудни органи,односно за сите постапки за кои е распишана потерница, информираат од министерството

Новото барање за екстрадиција на екс-премиерот Груевски во земјава следи откако пред 3 години унгарските власти одбија да го екстрадираат со образложение дека му е даден азил и согласно нивниот закон не можат да го испорачаат на државата од која избегал.

За Исмаиловиќ и Демири прв пат од Косово е побарана екстрадиција во 2013 година, но две години подоцна Основниот суд во Приштина го одби барањето а одлуката ја потврдија и од тамошниот Апелационен суд. Од Правда повторно е испратено барање во 2018-та, по кое лани министерството било известено дека екстрадицијата за Исмаиловиќ се одбива, а одговор за Демири нема.

Груевски е правосилно осуден во случаите „Тенк“ со казна затвор од 2 години за набавката на луксузниот мерцедес и во „Насилство во Општина Центар“ во која доби затворска казна од 1 и пол година. Врховниот суд се уште ги нема потврдено пресудите за „Плацови на Водно“, „ТНТ“ и „Талир 2“ во кои на екс-премиерот му се пресудени вкупно 22 години затворска казна.

За сите предмети Груевски е осуден во отсуство. Доколку биде вратен има право да бара повторно судење.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.