HomeАктуелноРустеми: Се работи интензивно на целата траса на автопатот Кичево-Охрид, воведена е и втора смена

Рустеми: Се работи интензивно на целата траса на автопатот Кичево-Охрид, воведена е и втора смена

Крајот на изградбата на автопатот Кичево-Охрид, според амандманите од важечкиот договор е до крајот на 2023 година. Можам да кажам дека се работи интензивно на целата траса од Кичево до Охрид и е воведена и втора смена. Значи, досега не се работеше толку интензивно на оваа делница, рече  директорот на ЈП за државни патишта, Ејуп Рустеми.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер
 Во врска со новата цена за изградбата на автопатот, Рустеми одговори дека таа е според важечкиот договор усвоен во Собранието, односно со петтиот амандман. Според него, може да има измена во цената заради промената на односот на еврото и доларот, бидејќи договорот бил потпишан во долари и заради зголемувањето на цената на градежните материјали, но не сака да шпекулира за цените и за износот и ќе се знаел на крајот од изградбата.
Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.