Инцидент се случил пред Уставниот суд во Белград кога неколку противници на Еуропрајд влетаа меѓу насобраните ЛГБТ активисти.
Според репортерот на Курир, четворица противници на Прајд со икони и крстови во рацете влетале меѓу ЛГБТ активистите околу 16 часот и 30 минути, го газеле и плукале знамето со виножито кое било поставено на улицата, се молеле, а маж и жена се бакнале. Цело време им викале на активистите „Марш од Србија“
Повеќе од 100 ЛГБТ активисти, се собрале пред зградата на Уставниот суд во Белград пред парадата најавена за 17 часот. Активистите носат знамиња и чадори во боја на виножито, а бројот на собрани луѓе расте од минута во минута.
Неколку десетици противници на парадата во рамките на Европрајд се собрале околу 16 часот во близина на црквата Свети Сава, од каде тргнале пешки кон Славија. Тие се придружувани од група калуѓерки кои изјавија дека се собрале таму бидејќи сметаат дека ЕУ-Прајд е „напад врз православието“. Групата не била придружувана од униформирана полиција, туку со нив се движат неколку полицајци во цивилна облека.
Припадниците на Министерството за внатрешни работи денеска до 15 часот веќе привеле 31 лице поради нарушување на јавниот ред и мир во главниот град на Србија.
