HomeАктуелноНарушен јавниот ред и мир на неколку наврати на спортски натпревар тетовско

Нарушен јавниот ред и мир на неколку наврати на спортски натпревар тетовско

На 17.09.2022 било пријавено дека во периодот од 15.00 до 16.55 часот во с.Голема Речица, тетовско, за време на одигрување на фудбалски натпревар во рамки на Втората македонска фудбалска лига помеѓу домашната екипа на ФК „Гостивар“ од Гостивар и гостинската екипа на ФК „Воска Спорт“ од Охрид, во два наврати бил нарушен јавниот ред и мир со недолично и агресивно однесување на навивачи од навивачки групи на двете екипи.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Според кажување на А.Б., спортски директор на гостинската екипа, притоа тој бил физички нападнат од едно лице. По целосно документирање на настанот ќе бидат поднесени соодветни поднесоци, додаваат од МВР.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.