HomeАктуелноТројцата нови членови на Судскиот совет ќе дадат свечени изјави во Собранието

Тројцата нови членови на Судскиот совет ќе дадат свечени изјави во Собранието

– Новоизбраните членови на Судскиот совет на Република Северна Македонија Мирјана Радевска-Стефкова, Зоран Герасимовски и Ивица Николовски, денеска ќе дадат свечена изјава пред претседателот на Собранието.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Судиите Радевска-Стефкова, Герасимовски и Николовски влегуваат во Судскиот совет, откако добија најголема поддршка од нивните колеги на спроведените избори на 14 септември.

Тие ќе ги заменат тројцата досегашни членови на Судскиот совет, Киро Здравев, Гордана Спиреска и Зоран Теофилоски, кои заминаа во пензија.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.