HomeАктуелноКазнети 203 возачи во Скопје, 34 за брзо возење

Казнети 203 возачи во Скопје, 34 за брзо возење

Во текот на вчерашниот ден на територија на Град Скопје во засилени акциски контроли во областа на сообраќајот изречени се вкупно 203 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 34 санкции, 24 мерки за возење без возачка дозвола, осум мерки за возење под дејство на алкохол.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Како што информира Министерството за внатрешни работи, изречени се 15 мерки за нерегистрирани возила, девет санкции за возач почетник, 11 санкции за користење мобилен телефон, три мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло), 39 санкции што ги прават возачи на мотоцикли…

Засилените акциски контроли продолжуваат. Апелираме до граѓаните да ги почит уваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, соопшти МВР. 

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.