HomeАктуелноКовачевски со сопругата на свечен прием организиран од Бајден

Ковачевски со сопругата на свечен прием организиран од Бајден

Премиерот Димитар Ковачевски, со сопругата Елена Ковачевска, присуствуваше на свечениот прием за претседатели на држави и влади, организиран од претседателот на Соединетите Американски Држави, Џо Бајден, во рамки на 77-то Генерално собрание на Обединетите нации.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Присуството на премиерот Ковачевски на приемот организиран од претседателот Бајден е уште една потврда на долгогодишното стратешко партнерството на Северна Македонија со САД, како и поддршката што како држава ја добиваме во исполнување на клучните цели, но и за реализација на предвидените приоритетни политики за економски, социјален и демократски просперитет на државата, наведува владината прес-служба во соопштение.

Од Владата истакнуваат дека придобивките од членството на Северна Македонија во НАТО и стратешкото партнерство со САД, се од исклучително значење за државата, особено во период на глобална економско-енергетска криза со која се соочува целиот свет.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.