HomeАктуелноПретрес во кичевско, пронајдено оружје, приведени две лица

Претрес во кичевско, пронајдено оружје, приведени две лица

На 23.09.2022 во 17.00 часот, полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кичево и Полициското одделение Осломеј ги лишиле од слобода Б.А.(48) и Ф.А(75), двајцата од с.Туин, кичевско. При претрес во нивниот дом во селото, извршен со судска наредба,биле пронајдени и одземени пиштол „М57“ калибар 7,62мм со една рамка без муниција и една кутија со шест куршуми калибар 7,62мм. Тие биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава,информираат од МВР.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер
Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.