HomeАктуелно128 сообраќајни прекршоци во Скопје, 20 за брзо возење

128 сообраќајни прекршоци во Скопје, 20 за брзо возење

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (30.09.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 128 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 20 санкции, девет мерки за возење без возачка дозвола, 11 санкции за возење под дејство на алкохол.
Изречени се седум мерки за користење мобилен телефон, девет санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло), пет санкции за возач почетник, 10 мерки за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли…

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Засилените акциски контроли продолжуваат. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.