HomeАктуелноСтудентите што добиваат стипендии до 30 октомври да го продолжат правото на користење

Студентите што добиваат стипендии до 30 октомври да го продолжат правото на користење

Студентите од втора и повисоки години на студии од денеска до 30 октомври може да го продолжат правото на студентска стипендија остварено во некоја од изминатите академски години доколку ги исполнуваат договорните услови.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Во наведениот рок корисникот на стипендија треба да ги достави потребните документи до Министерството за образование и наука – Потврда за запишан нареден семестар, односно година на студирање, Уверение за положени испити со успех од претходните години.

Треба да поднесе и УППИ-образец за предвидени и положени испити со успех од претходните години, како докази дека има положено 80 отсто односно 90 отсто (зависно од типот на стипендија кој го користи) од предвидените испити, односно дека го одржал просечниот успех на студирањето, согласно договорот за стипендија.

Документите се доставуваат електронски со прикачување на соодветната документација на http://e-uslugi.mon.gov.mk

За информација или прашање во врска со остварувањето на правото на стипендија студентите може да се обратат на мејлот: studentski.stipendii@mon.gov.mk.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.