HomeАктуелноЗапленети 177 парчиња охридска белвица, приведено лице од Албанија

Запленети 177 парчиња охридска белвица, приведено лице од Албанија

Полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Св.Наум денеска го привеле А.П.(53) од Република Албанија.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

При контрола во патничко возило „фолксваген туран“, со албански национални ознаки, кое го управувал, биле пронајдени 177 парчиња охридска белвица, кои биле предмет на недозволена трговија од Република Северна Македонија кон Република Албанија, велат од МВР.

А.П. е приведен во Полициската станица и по целосното документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.