HomeАктуелноЛЕВИЦА: ,,НИСКОГАРДБА“ И „КОЛЕКТОРСКИ СИСТЕМ“ ДА СЕ ЗАНИМАВААТ СО ПРОБЛЕМИТЕ ЗА КОИ СЕ ПЛАТЕНИ ОД ГРАЃАНИТЕ!

ЛЕВИЦА: ,,НИСКОГАРДБА“ И „КОЛЕКТОРСКИ СИСТЕМ“ ДА СЕ ЗАНИМАВААТ СО ПРОБЛЕМИТЕ ЗА КОИ СЕ ПЛАТЕНИ ОД ГРАЃАНИТЕ!

Политичката партија Левица не води само Фејсбук кампања како што знае да изјави претседателот на ДПМНЕ – Сашо Донев, Левица ЛО Охрид за разлика од другите партии преку социјалните мрежи ја прикажува реалната слика од терен.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Фејсбук кампањата ја водат јавните претпријатија, како и високите средства кои се издвојуваат за рекламирање на нивното работење по медиуми, а не ја отсликуваат реалната состојба и проблемите во Охрид.

Градот на УНЕСКО – бисерот на балканот се „дави” во фекалии.

И покрај опасноста од загадување на Охридското Езеро, проблемот кој допрва треба да се решава се наоѓа на улиците „Мирче Ацев”, „Галичица” и „Никола Карев” каде што жителите реагираат на состојбата со канализационата мрежа.
Бараат одговорните „Нискоградба” и „Колекторски систем” да им обезбедат функционирање на канализационата мрежа и одводување на атмосферската вода која треба преку непречен проток да оди во Охридското Езеро.

Левица – Охрид порачува наместо да изготвуваат планови за нови партиски вработувања, да се занимават со решавање на проблемите за кои се платени од граѓаните.

Проблемот е повеќегодишен и подеднакво се заслужни ДПМНЕ и СДС. Срамно е во денешно време да се дискутира за септички јами поплавени подруми и фекалии по улиците.

Извор:
Левица ЛО Охрид

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.