HomeАктуелноЛевица Охрид повикува на протест против отворањето на клубот „Цар Борис III“

Левица Охрид повикува на протест против отворањето на клубот „Цар Борис III“

Поради отворањето на контроверзното здружение именувано по фашистичкиот државник, слуга на Хитлер и борец против македонизмот „Цар Борис III“, Левица – Охрид ја повикува целокупната здраворазмуна јавност на протест против уривање на уставниот и државен поредок на Република Македонија и против разгорувањето на национална омраза, велат во соопштението од ЛО Левица Охрид.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Најстрого го осудуваме отворањето на овој клуб во Република Македонија и премолчувањето од страна на Владата која директно ја подржува рехабилитацијата на фашизмот. Сплотени против империјализмот и антимакедонизмот, да го искажеме народниот револт.  Да го зачуваме достоинството на македонската нација и споменот на македонските антифашистички борци и да не дозволиме рушење на интегритетот на државата!, велат во соопштението.

Протестот е закажан на 7-ми октомври со почеток од 11 и 30 часот на улица „Македонски Просветители“, пред ТЦ Амам – Охрид.Инаку, отворање на новиот бугарски културен центар што го носи името на Цар Борис III е најавено на 7 октомври во Охрид. Специјален гостин на отворањето ќе биде бизнисменот и филантроп д-р Милан Врабевски, со чија финансиска помош е отворен клубот, стои во објавата на фејбук профилот на Здружението.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.