HomeАктуелно452 санкции за брзо возење

452 санкции за брзо возење

Во текот на вчерашниот ден Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 452 возачи. Од нив 43 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а девет возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа 203 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 249 надвор од населено место.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

– Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, велат од МВР.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.