На 10.10.2022 во 11.45 часот на бул.„Туристичка“ во Охрид, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога при СВР Охрид го лишиле од слобода В.Н.(36) од Охрид. При преглед во паркирано возило „шкода“, со охридски регистарски ознаки, кое го управувал, била пронајдена
и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.
