Сопружници среде бел ден биле нападнати на булеварот „Мајка Тереза“ во Скопје од страна на две лица.
„На 12.10.2022, во 12 часот, во Полициската станица Центар, Н. Ј. (32) од Скопје пријавил дека околу 9.35 часот на булеварот Мајка Тереза во Скопје тој и неговата сопруга Л. Ј. (30) биле физички нападнати од две лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, соопшти МВР.
