Синоќа во СВР Охрид е пријавено дека во 22.25 часот, во близина на казино на ул. „Абас Емин“ во Охрид, маж физички нападнал 26 годишна охриќанка.
Против него ќе биде поднесена соодветна пријава,информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димовски.
Ноќеска во 03.00 часот во СВР Охрид бил приведен 23-годишен државјанин на Мароко.
Тој e затекнат на улицата .„Кленоец“ во Охрид и по извршени проверки, констатирано е дека остварил илегален влез во државата. За случајот е известен Јавен обвинител, а лицето е пренесено во транспортен центар за странски државјани, вели портпаролот Димовски.
По документирање на случајот ќе следува поднесок, додава тој.
