HomeАктуелноКривична пријава за вршење на јавен превоз без поседување лиценца во Охрид

Кривична пријава за вршење на јавен превоз без поседување лиценца во Охрид

СВР Охрид поднесе кривична пријава против К.С.(52) од струшкото село Долно Татеши поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вршење на јавен превоз без поседување лиценца“.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

При контрола извршена на 10.09.2022 година на булеварот „Туристичка“ во Охрид, полициските службеници од полициската станица за безбедност во сообраќајот на патиштата Охрид, констатирале дека тој, врши јавен превоз на патници во внатрешниот сообраќај, без да поседува соодветна лиценца издадена од надлежен државен орган, додааат од СВР Охрид.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.