HomeАктуелноНиза свечености за одбележувањето на Денот на ослободувањето на Охрид

Низа свечености за одбележувањето на Денот на ослободувањето на Охрид

По повод 7-ми Ноември Денот на ослободувањето на Охрид, Општина Охрид и Општинската организација на Сојузот на борците од Народноослободителната и антифашистичката војна на Македонија ќе реализираат повеќе свечености и настани.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Вo понеделник од 10:00 часот ќе се одбележи патрониот празник на ЈП „Охридски комуналец“, а ќе биде положено свежо цвеќе пред спомен обележјата од НОБ на градските гробишта, градскиот парк, Основниот суд и дворот на СОСУ „Св.Кирил и Методиј“.

Во селото Рамне ќе се одржи Панихида пред споменикот на Јасна Ристеска.

Во 11:00 часот ќе биде положено свежо цвеќе пред спомен обележјата од НОБ во Спомен паркот на Револуцијата

Во 12 часот во Општина Охрид е закажана свеченост по повод за 78 годинишнината од ослободувањето на Охрид. Во рамки на свеченоста предвидено е обраќање на градоначалникот Кирил Пецаков, пoтпретседателот на ОО на Сојуз на борци, Љубиша Машановиќ, како и културно – уметничка програма.

Попладнето од 17:00 часот ќе се одржи свечена приредба по повод патрониот празник на ЈОУДГ „Јасна Ристеска” во спортската сала „Билјанини извори“, а свеченостите ќе бидат заокружени со седмоноемвриски концерт на учениците од ОМУ „Методи Патче”, во концертната сала на училиштето со почеток во 18:30 часот.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.