СВР Охрид поднесе кривична пријава против 61-годишниот В.Д. од Велес поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“.
– Тој, по објавен текст на еден интернет портал, од својот Facebook профил постирал коментар со што промовирал и поттикнувал омраза и насилство, информираат од СВР Охрид.
