HomeАктуелноПретрес во Скопје, пронајдена марихуана, приведени пет лица

Претрес во Скопје, пронајдена марихуана, приведени пет лица

На 04.11.2022 во 20.00 часот полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишиле од слобода А.А.(21) од Скопје, поради тоа што при извршен претрес во неговиот дом на подрачјето на Кисела Вода, по претходна судска наредба, биле пронајдени и одземени повеќе пакувања со марихуана и дигитална вага со остатоци од марихуана.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Исто така, во неговиот дом биле затекнати при употреба на марихуана и лишени од слобода М.П.(20), С.Г.(22), В.С.(19) и П.Ѓ.(22), сите од Скопје. По целосно документирање на случајот против лицата ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.