HomeАктуелноТешко повредено десетгодишно девојче, откако во неа удрил автомобил

Тешко повредено десетгодишно девојче, откако во неа удрил автомобил

Десетгодишно девојче пешак било тешко повредено вчера вечерта околу 19 часот во Тетово, откако во него удрил автомобил управуван од 27-годишна жена. Повреденото девојче со возило на итната медицинска помош е однесено во тетовската болница.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

-Околу 18 часот и 50 минути, на крстосницата на улиците „Илинденска“ и „Видоја Смилевски-Бато“ во Тетово, патничко моторно возило „Фиат пунто“ со српски национални регистарски ознаки, управувано од 27- годишната српска државјанка М.Н. со времен престој во Тетовско, удрило во малолетничка (пешак) од Тетово. Во несреќата, девојчето се здобило со тешки телесни повреди констатирани во тетовската Клиничка болница, информираше Марјан Јосифоски, портпартол на СВР Тетово.

На местото на несреќата увид извршила екипа од СВР Тетово.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.