На натпреварот од четвртфиналето во фудбалскиот Куп на Македонија помеѓу Шкупи и Шкендија дојде до сериозен инцидент откако тетовските „црвено-црни“ поведоа со 0:1.
По голот на Дашмир Елези во деветата минута Шверцери влетаа во терен и ги нападнаа играчите на Шкендија со боксови по што мораше да реагира полицијата.
Судиите се повлекоа во соблекувалните, а потоа и фудбалерите на Шкендија.
Според неофицијални информации, денешниот натпреварот нема да се доигра и најверојатно Шкендија ќе добие службена победа, а актуелниот македонски шампион Шкупи се соочува со санкции од ФФМ.
