На 43-то издание на МАКИНОВА 2022 каде што учество земаа околу 130 учесници од повеќе земји каде добро познатиот охридски генијалец Лео Нелоски од ООУ „Григор Прличев“ го освои второто место, односно сребрениот медал.
Имено, на меѓународниот натпревар учество земаа учесници од Македонија, Србија, Босна и Херцеговина и Црна Гора.

Ми претставуваше огромна чест и задоволство што земав учество на 43тата МАКИНОВА. Ми беше огромен предизвик, посебно задоволство ми е тоа што остварив голем број на контакти од повеќе држави за понатамошна дружба и соработка, вели Лео за редакцијата на powerinfo.mk

На МАКИНОВА одговарав усно пред комисија составена од тројца членови кои ги оценуваа и бодираа моите одговори, додава Лео за powerinfo
Имено, Лео е ученик во деветто одделение ООУ„Григор Прличев“ во Охрид и е исклучително талентиран ученик и ова е само продолжение на успесите кој постојано ги нижи.
подготвил: Е.Р
