HomeАктуелноГолема полициска акција откиена „фабрика” за марихуана и заплени 870 килограми

Голема полициска акција откиена „фабрика” за марихуана и заплени 870 килограми

Албанската полиција ја финализираше полициската мега-операција со шифра „Бурa”, при што се запленети 870 килограми марихуана и уапсени 11 лица, јави дописничката на МИА од Тирана.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Во акцијата се запленети и два пиштола, една автоматска пушка, четири автомобили, повеќе мобилни телефони, како и предмети што се користат за преработка и пакување на наркотици.

Директорот на Одделот за криминалистичка полиција во Генералната управа на државната полиција, Неритан Налбати, во изјава за медиумите заедно со обвинителите на Обвинителството при Основниот суд Берат, рече дека „како резултат на истражната работа, откриено е дека на подрачјето на селото Ререз, кај Берат, во повеќе пластеници сопственост на Х. Д., се вршел процес на преработка на наркотични растенија, претходно одгледувани на овој простор“.

– По добиени сознанија потврдивме дека овие оранжерии служеле за производство и преработка на наркотични растенија, како и за пакување наркотици, со цел нивна трговија. За тоа биле ангажирани стотина работници, главно жени за дневница од околу 50 евра, рече Налбати.

Во одделна акција полицијата кај Елбасан запленила 33,5 килограми марихуана и уапсила двајца браќа од село Требел кај Скрапар.

При контрола на автомобилот со кој ја транспортирале  дрогата, откриени и запленети се и огнено оружје, воена муниција и мобилни телефони.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.