HomeАктуелноГерманската војска се подготвува за можен конфликт со Русија

Германската војска се подготвува за можен конфликт со Русија

Германската армија, поради војната во Украина, планира големо престројување на нејзината војска, објави германскиот неделник „Шпигел”.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Генералот Еберхард Корн уште во септември наложи подготовка на војската за можен конфликт со Русија, а во центарот на тие планови во иднина мора да биде одбраната на земјата и НАТО.

„Напади врз Германија потенцијално може да следат без најава и со голем ефект да предизвикаат штета”, се наведува во документот со наслов „Оперативни упатства за војската”.

Како што наведе Корн, војската мора да биде подготвена за наметната војна.

Мисиите во странство во иднина треба да бидат помалку важни, бидејќи сега, како што се наведува, многу поважно е вистинското одвраќање.

Поради тоа, германскиот генерал смета дека треба да се зајакне источното крило на НАТО, Естонија, Летонија, Литванија и Полска.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.