HomeАктуелноБугарија уапси 5 лица за помагање на осомничен за нападот во Истанбул

Бугарија уапси 5 лица за помагање на осомничен за нападот во Истанбул

Пет лица се приведени како обвинети за помагање на еден од осомничените за бомбашкиот напад што се случи минатиот викенд во центарот на Истанбул, во кој загинаа шест лица, соопшти бугарското обвинителство на 19 ноември.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

„Пет лица се обвинети поради нивната „логистичка“ помош на еден од осомничените да побегне, изјави за новинската агенција АФП Сијка Милева, портпаролка на обвинителството во Софија.

Нападот се случи минатата недела на 13 ноември на авенијата Истиклал, популарна пешачка зона со продавници и ресторани што води до плоштад Таксим. Во експлозијата загинаа шест лица, а 81 беа повредени.

Турција во петокот уапси 17 лица за бомбашкиот напад, а Анкара ја обвини Курдската Работничка Партија (ПКК) која ја смета за терористичка група. ПКК негираше вмешаност во нападот.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.