HomeАктуелноХоливудска ѕвезда го украде шоуто на отворањето на Светското првенство (Видео)

Холивудска ѕвезда го украде шоуто на отворањето на Светското првенство (Видео)

Отворањето на 22-то Светско фудбалско првенство во Катар беше навистина спектакуларно, што стандардно е своевиден вовед за првиот меч кој се игра на секој мундијал.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Домаќинот Катар ќе ги одмери силите против Еквадор, но пред да биде означен првиот судиски свиреж, шоуто на стадионот „Ал Бајт“ го украде холивудска ѕвезда.

Морган Фриман беше задолжен за зголемување на спектаклот доле на теренот, бидејќи легендарниот американски актер испрати моќна порака пред интонирањето на химната за мундијалот.

– Фудбалот ги обедини нациите и нивната љубов кон убавата игра. Она што ги обединува нациите ги обединува и заедниците, – порача Фриман.

Покрај холивудската легенда, во центарот на вниманието се најде и Јунг Конг кој ја испеа официјалната песна за мундијалот во Катар.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.