HomeАктуелноРакетен напад на турската граница

Ракетен напад на турската граница

Турски војник и четворица полицајци се ранети во вчерашната експлозија на ракета истрелана врз турско-сириската погранична провинција Килис, јави државната агенција Анадолија.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Во извештајот на агенцијата се вели дека ракетата погодила област во близина на граничниот премин, но не се дадени дополнителни детали.

Претходно Сириските демократски сили (СДФ), контролирани од Курдите, најавија дека ќе возвратат на воздушни напади на турските воени авиони.

Турското Министерство за одбрана рано денеска потврди дека извршило воздушни напади врз базите на курдските милитанти во северна Сирија и северен Ирак.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.