HomeАктуелноМаж и жена од струмичкото село Мокриево го загубија животот во тешка сообраќајна несреќа

Маж и жена од струмичкото село Мокриево го загубија животот во тешка сообраќајна несреќа

Маж и жена од струмичкото село Мокриево го загубија животот во тешка сообраќајна несреќа која се случи доцна попладне на излезот од селото Колешино.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Се работи за двајца сопружници на возраст од 70 и 69 години кои најверојатно поради неприлагодена брзина на нивното возило излетале од коловозот  и завршиле во каналот покрај патот. Од тешките  повреди и двајцата починале на лице место, а лекарот од итната медицинска помош само ја констатирал смртта.

Поради големите оштетувања на возилото во извлекувањето на телата се вклучија и пожарникарите од струмичката противпожарна единица. Жителите на околните куќи во шок. Никој не видел како дошло до несреќата, единствено што слушнале бил силниот тресок.

За околу  24 часа и на оддалеченост од неколку километри ова е втора сообраќајна несреќа во која животот го загубија жители од истото село. Вчера вечер на локалниот пат Ново Село Мокриево загина и 38 годишник  од ова населено место , а уште две лица беа повредени.

Сега веќе починатиот бил сопатник во патничко возило кое од изгубило контрола и излетало од патот.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.