HomeАктуелноВМРО-ДПМНЕ бараат СДС и Ковачевски веднаш да се извинат за жртвите од комунистичкиот режим

ВМРО-ДПМНЕ бараат СДС и Ковачевски веднаш да се извинат за жртвите од комунистичкиот режим

СДС и Ковачевски како наследници на комунистичкиот режим треба веднаш да им се извинат на граѓаните, и семејствата на жртвите од комунистичкиот режим.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Истиот тој режим на кои се наследници СДС, направи прогон на плејада чинители на македонската интелигенција кои биле ликвидирани од овој режим.

Такви ликвидации од комунистичкиот режим во Македонија има многу и СДС и Ковачевски треба во очи да ги погледнат, граѓаните но и фамилиите и блиските луѓе на убиените и да ги слушне нивните приказни за нивната жртва за самостојноста на Македонија.

Треба да ги слушнат кажувањата и делата на Петре Пирузе, Панко Брашнаров, Михајло Апостолски, Благоја Шамбевски, Ристо Шишков, Драган Богдановски. Овие луѓе биле измачувани по темни затвори и Голи отоци заради нивната идеја за самостојноста на државата.

Нека соберат храброст, СДС и Ковачевски и нека се извинат за делувањето и дејствата на комунистичкиот режим на кои се наследници.

Нема да има помирување додека не се исправи неправдата нанесена од комунистичкиот режим, режим кој го убиваше стремежот за слободна и независна Македонија.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.