HomeАктуелноЖител на Дреново осомничен за обид за силување

Жител на Дреново осомничен за обид за силување

Jавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кавадарци донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 22-годишен жител на Дреново, осомничен дека сторил кривично дело – Силување од член 186 став 1 во врска со член 19 (обид) од Кривичниот законик.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

На 18 ноември, со употреба на сила, осомничениот се обидел да присили на обљуба 72-годишна жена. Тој влегол во нејзиниот дом, покривајќи го лицето со маица, по што се обидел да ја изврши обљубата.

Надлежниот јавен обвинител му предложи на судијата на претходна постапка да определи мерка притвор за осомниченото лице. Но, судот, ценејќи ги сите околности, не го прифати предлогот и за осомничениот определи мерка куќен притвор за време на која тој не смее да го напушта домот и да комуницира со оштетената.​

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.