На 21.11.2022 година во 02.05 часот, во СВР Охрид пријавено е оштетување на стакло од излог на „Здружение на граѓани Цар Борис III“, лоцирано на булеварот „Македонски Просветители“ во Охрид.
Полициски екипи извршија увид и се работи на расветлување на настанот, додава потпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
Оштетувањето, според првичните информации било направено со тврд предмет, камен.
Пред повеќе од еден месец, односно само неколку дена од отворањето на бугарскиот културен клуб „Цар Борис Трети“ во Охрид беше искршена таблата на која е испишано името на здружението. Кривичното дело го направил 47 годишен охриѓанец, кој сам се пријавил во полиција.
