HomeАктуелноЛишен од слобода криумчар на мигранти

Лишен од слобода криумчар на мигранти

Денеска (21.11.2022) во 11.30 часот на автопатот Скопје – Гевгелија, во близина на клучка Миравци, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Богородица го лишиле од слобода Ј.И. (26) од Скопје, затоа што со возило „алфа ромео” со швајцарска национална ознака, превезувал осум лица мигранти (шест од Сирија и две од Пакистан).

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Претходно, на автопатот кај место викано „Одмаралиште“, тој со возилото не застанал на знак за запирање даден од полициските службеници, но набргу бил запрен и лишен од слобода. По целосно документирање на случајот, во координација со Јавен обвинител, против Ј.И. ќе биде поднесена соодветна пријава, додаваат од МВР.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.