HomeАктуелноРекордни 953 санкции за брзо возење

Рекордни 953 санкции за брзо возење

Во текот на вчерашниот ден (27.11.2022) Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 953 возачи. Од нив 64 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а шест возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа 500 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 453
надвор од населено место.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, додаваат од МВР.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.