HomeАктуелноТешко повредена жена пешак во сообраќајка во Тетово

Тешко повредена жена пешак во сообраќајка во Тетово

Во сообраќајка во Тетово, тешко повредена е 32-годишна жена, која е однесена на клиниките во Скопје поради сериозноста на здравствената состојба. Сообраќајната несреќа се случила околу 17 часот и 15 минути на булеварот „Маршал Тито“.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Во СВР Тетово пријавено е дека на улица „Маршал Тито“ во Тетово, патничко моторно возило „пежо 607“ со гостиварски регистарски ознаки управувано од 47-годишниот А. Р. од гостиварско Беловиште удрило во 32-годишната К. Ѓ. (пешак) од тетовско Подбреѓе. Во несреќата, пешакот се здобил со тешки телесни повреди констатирани во тетовската Клиничка болница, информираат од СВР Тетово.

На местото на несреќата увид извршиле Јавен обвинител и екипа на СВР Тетово.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.