HomeАктуелноОхридската библиотека прогласена за „Библиотека на годината“

Охридската библиотека прогласена за „Библиотека на годината“

Библиотекарското здружение на Македонија ја прогласи НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид за „Библиотека на годината“ во категоријата Национални установи од областа на библиотекарството

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

И така. Стигнавме до признанието „Библиотека на годината“ во категоријата на Национални установи од областа на библиотекарството. Ангажманот на сите колеги и излегувањето од комфорната зона го донесе успехот препознаен од колегите – членови на Комисијата. Библиотеката е нашиот втор дом, а читателите се нашето пошироко семејство. Городоста е поголема, бидејќи признанието стигна во годината кога одбележуваме седум децении откако Библиотеката го носи името на поетот и преродбеник Прличев!, вели директорот Милчо Јованоски.

 

Во категоријата основни училишта признанието го добило основното училиште со ресурсен центар „Иднина” од Скопје, а во категоријата средни училишта признанието му припадна на средното училиште „Јосип Броз Тито” од Битола.

Признанието на Библиотеката ќе и биде доделено на 7 декември во НУ НУБ „Св. Климент Охридски“ – Скопје во 14.00 часот

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.