HomeАктуелноСпасовски: Минатата година запленети рекордни 215 кг марихуана, а годинава дури 1,5 килограми кокаин

Спасовски: Минатата година запленети рекордни 215 кг марихуана, а годинава дури 1,5 килограми кокаин

Во борбата против нелегалната трговија со дрога СВР Скопје минатата година може да се пофали со заплена од рекордни 215 килограми марихуана, а годинава дури 1,5 килограми кокаин, објави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на неговиот фејсбук профил.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

– Државата ја позициониравме како кредибилен фактор во борбата против недозволената трговија со наркотици. Како МВР продолжуваме бескомпромисно да работиме кон искоренување на оваа појава. Зголемување за 6,52 проценти бележи и процентот на расчистени разбојништва и разбојнички кражби на подрачјето на СВР Скопје за периодот јануари-октомври 2022, напиша Спасовски.

Министерот Спасовски порача дека продолжуваат со несмален интензитет во подобрување на безбедносната состојба, како на подрачјето на СВР Скопје, така и на територијата на целата држава.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.