HomeАктуелноЗоран Герасимоски поднел оставка од функцијата в.д. директор на Академијата за судии и јавни обвинители

Зоран Герасимоски поднел оставка од функцијата в.д. директор на Академијата за судии и јавни обвинители

Членот на Судскиот совет на Република Северна Македонија Зоран Герасимоски поднел неотповиклива оставка од функцијата в.д. директор на Академијата за судии и јавни обвинители.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Герасимовски, ова го соопшти на почетокот на денешната седница на Судскиот совет, на чиј дневен ред е избор на претседател на Судскиот совет и се иззема од гласањето за избор на нов претседател.

– Едногласно бев избран за в.д директор на Академијата, до избор на директор што ќе се случи во среда, а со цел да не дојде до застој на работите во Академијата. Согласно упатствата на ДКСК дека со мојот избор има судир на интереси денеска ја доставив мојата неотповиклива оставка од функцијата, изјави Герасимоски.

Со цел да не се наруши угледот на функцијата, Герасимоски посочи дека оставката е неотповиклива.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.