HomeАктуелноПриведен крадец од гостиварско, одземеното вратено на сопственикот

Приведен крадец од гостиварско, одземеното вратено на сопственикот

Денеска (07.12.2022) околу 01.50 часот во гостиварско Неготино, полициски службеници на СВР Тетово – Одделение за внатрешни работи Гостивар го лишиле од слобода Х.В.(33) од Кавадарци.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Тој се сомничи дека претходно на улица „143“ во Гостивар одзел патничко возило „форд ескорт“ со гостиварски регистарски ознаки, сопственост на А.С.(44) од Гостивар. Возилото било вратено на сопственикот, а тој бил задржан во полициска станица.

По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.